ВИДЕО: Автогол за паметење во Англија…

На натпреварот од четвртата лига во Англија меѓу Колчестер јунајтед и Гримзби на самиот старт автогол за паметење, кој ретко се гледа.

Дефанзивецот на Колчестер, Вил Гриниџ сакаше да ја врати топката на својот голман пред еден противнички играч, но голманот Гудман се најде во проблеми. Топката незгодно отскокна пред него, се обиде да спаси со глава но дополнително само заедно со неа се најде во мрежата.

Сепак, Колчестер во продолжението се разбуди и иако од тој момент губеше со 0-1, на крај победи со 3-2.

Се вчитува...