Давид Бабунски по само два натпревари на стартот од првенството во Јапонија веќе станува нов миленик на навивачите на Јокохама.
Бабунски со нов одличен погодок во 47. минута учествуваше и во денешната победа од 3-0 против Сапоро… Вистински се препороди Бабунски по заминувањето до белградска Црвена Звезда каде немаа трпение да ги дочекаат неговите квалитети. Сега сиот свој потенцијал го демонстрира во дресот на Јокохама.
バブンスキー!!!!バルサカンテラ出身のバブンスキーがスーパーゴール!!!! pic.twitter.com/M4FRgFs3XI
— Cruyff (@johan_14__) March 4, 2017
Македонскиот репрезентативец во 83. минута беше повлечен од игра, испратен со овации од 40.000 навивачи на стадионот „Нипатцу Митсузава“ во Јокохама.
Јокохама по две кола е со две победа и шест бода на врвот од табелата во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА