Баер Леверкузен остана без триумф на гости против Вердер по примен гол во 90.минута во 8. коло од Бундеслигата.
Вердер успеа да дојде до реми (2-2) благодарение на голот на Романо Шмид во 90. минута кој мајсторски шутираше од 18 метри под гредата од противничкиот гол.
Претходно, Виктор Бонифејс во 30.минута донесе водство за тимот на Чаби Алонсо, а израмни Дукш во 74.минута. Но, веќе во 77. минута Баер повторно поведе со автоголот на Феликс Агу, за да потоа следи ремек-делото на Шмид.
🚨 ROMANO SCHMID HAS EQUALIZED IN THE 90TH MINUTE AGAINST LEVERKUSEN 🤯🤯🔥🔥🔥pic.twitter.com/JoTTCUGMFv
— KinG £ (@xKGx__) October 26, 2024
По ова реми, германскиот шампион сега е на третата позиција на табелата со 15 бода, пет помалку од лидерот Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА