ВИДЕО: Баерн Минхен со специјални дресови во чест на Франц Бекенбауер

Баерн Минхен вечерва го игра натпреварот против Хофенхајм во 17. коло од Бундеслигата. Ова воедно ќе биде прв натпревар во германскиот шампионат во 2024 година.

Во чест на починатиот Франц Бекенбауер, Баерн Минхен ќе настапи во специјални дресови. На нив ќе биде испишано „Благодариме Франц“ во чест на легендата на овој клуб и на германскиот фудбал кој почина пред неколку дена на 78-годишна возраст.

Се вчитува...