ВИДЕО: Барди стрелаше од 25 метри во „петардата“ на Коњаспор во Купот на Турција

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, беше стрелец на убав гол во победата на Коњаспор во рамките од Купот против Алиага од 5-0.

Играчот од средниот ред влезе во игра на стартот на вториот дел, а голот во постигна во 81. минута откако од 25 метри упати прецизен, и не толку силен шут, но грешката на голманот придонесоа топката да заврши во мрежата и во тие мигови да биде 4-0 за Коњаспор.

Со оваа победа, Коњаспор се најде на втората позиција на тбаелата во Купот веднаш зад Самсунспор, и има скор од три победи од исто толку меча, колку што има и првопласираниот тим на табелата.

Се вчитува...