Дополнително заокружувајќи си го шампионскиот пат сезонава, Вардар славеше со 2-0 против Ренова во 34. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Победата ја најави Барсегјан со голот во 54. минута…
А, по само десет минути на 2-0 зголеми Балотели…
Сето тоа значеше и крај на надежите за Ренова за европски излез следната сезона, откако Работнички на гостувањето против Шкендија го освои неопходниот бод за шест бода предност пред последните две кола од шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА