ВИДЕО Барселона пристигна во Македонија: Битола е најжешкото гостување во Лигата на шампионите

Ракометарите на Барселона попладнево пристигнаа во Македонија, каде утре во Битола ќе го играат натпреварот од Лигата на шампионите против Еурофарм Пелистер.

Според веб сајтот на каталонскиот клуб, ова за нив е најжешкото гостување во Лигата на шампионите. Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар во историјата меѓу овие два тима.

Пелистер одлично ја отвори сезоната, со победа над Загреб, но потоа следуваа три последователни порази од ПСЖ, Гог и Висла Плоцк. Барселона, пак, запиша три победи и еден пораз во првите четири кола во најелитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...