Шкендија дојде до есенската титула во Првата македонска фудбалска лига со победа од 0-2 против Победа, на мечот кој се одигра во Турново. На две кола до крајот од есента Шкендија има шест бода предност во однос на второпласираниот Вардар, од кого има подобар меѓусебен скор оваа сезона.
„Црвено-црните“ до предност дојдоа со голот на репрезентативецот Егзон Бејтулаи во 75. минута, а конечните 0-2 ги заокружи Изаир Емини со голот во 88. минута од средбата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

