ВИДЕО: Без предност на градското дерби – Вардар израмни од сомнителен пенал!

Вардар и Работнички играат без предност за ниту една од екипите (1-1) во првото полувреме од градската дерби пресметка во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Работнички поведе уште во 7. минута од средбата.

Трајков одлично повлече по левата страна, проигрувајќи го пред голот на домашните Имери кој од околу 12 метри погоди за 0-1…

Вардар потоа доминираше на теренот, не искористи серија убави можности преку Мато, Данев и Омерагиќ, но на крај израмни од крајно сомнително досуден пенал, со деби-голот на Давид Бабунски.

Во 40. минута по шутот од десната страна, според главниот судија Игор Стојчевски, Демири при блокирањето на топката играл со рака. Сомнителна ситуација за која и од ВАР-собата, по проверката, изненадувачки потврдија дека се работи за пенал!? Успешен реализатор од белата точка беше Давид Бабунски.

Се вчитува...