ЕКИПА во Кардиф
Владимир Булатовиќ
За две минути, два гола на Велс против Македонија, и солидна предност. Откако успеавме некако да воспоставиме мала рамнотежа, дојде најпрво наивен пенал, а потоа и уште еден гол во мрежата на Димитриевски.
Најпрво во 18. минута од пенал Велс успеа да поведе. Вилсон беше сигурен реализатор, откако Стојчевски стартуваше над Брукс.
Две минути подоцна Брукс стрелаше во мрежата на Македонија, по одлична акција од левата страна и супер центаршут.
Сепак, во 23. минута Македонија се врати. Дарко Велковски испрати одлична топка до Миовски, кој излезе сам, и искористи тоа што голманот на Велс се лизна, и успеа да го совлада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

