ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски
Еден од најголемите борци во македонската репрезентација Стојанче Стоилов не можеше да ја сокрие тагата и солзите по промашениот зицер за победа против Германците.
Радоста за бодот останува, но и тагата затоа што можеше да биде херојот кој ќе донесе голема победа за Македонија…
„Тоа е… Многу ми е жал што не реализирав, но се надевам на следните мечеви ќе се радувам на победнички голови“ – рече по мечот Стоилов.
А, претходно низ сите свои минути на паркетот Стоилов царуваше против Германците. Без сомнение ќе остане запаметен и неговиот извонреден гол за водство на Македонија од 16-17, како еден од најубавите на мечот…
#GERMKD ?? vs ??
Final match for Germany and FYR Macedonia in the preliminary round. Let’s watch a game this beautiful game by Macedonian’s team Stoilov. @DHB_Teams @rfmhandball #ehfeuro2018 #hypnoticgame pic.twitter.com/d3o4ZtvucJ— EHF EURO (@EHFEURO) January 17, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА