Манчестер сити го презеде врвот во Премиерлигата, барем до натпреварите на Ливерпул и Арсенал во оваа рунда натпревари, откако во 32. коло убедливо со 5-1 славеше против Лутон на домашен терен.
„Граѓаните“ победата ја најавија со автоголот на Хашиока уште во 2. минута од натпреварот.
Останатите погодоци на мечот беа во второто полувреме. Најпрво во 64. минута погоди Ковачиќ испраќајќи вистинска „бомба“, а во 76. минута и Ерлинг Халанд од пенал.
Откако гостите со голот на Баркли во 81. минута намали на 3-1, Доку во 87. минута зголеми на 4-1., а конечните 5-1 ги постави Гвардиол во 93. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА