Кире Лазаров одигра извонреден натпревар на гостувањето против Лимож, постигнувајќи десет погодоци што сепак се покажаа недоволни за неговиот Нант да го избегне првиот овосезонски пораз.
Македонскиот „бомбардер“ воедно се најде и на најновата Топ-листа од најубави голови во францускиот шампионат, со „проектилот“ што го испрати во второто полувреме, за израмнување на 23-23 во 43. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА