Ракометарите на Вардар забележаа огромен чекор кон титулата во Суперлигата откако на гостувањето против Е. Пелистер во Битола во една од клучните пресметки во борбата за шампионската титула славеа во повеќе од драматичен меч со 34-35, благодарение на голот на Хорига во последната секунда од средбата!
Имаа „пелистерци“ негатива и од два гола (32-34) на две минути пред крајот. Но македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски со два едноподруго гола успеа да донесе 34-34.
Сепак, последниот напад беше за Вардар, а во последната секунда Хориха испрати вистинска „бомба“ од девет метри која заврши зад грбот на Никола Митровски за голема победа на „црвено-црните“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА