Репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години одигра без победник (1-1) против Украина на првиот натпревар од турнирот „Четири нации“ кој се игра во Рига, Летонија.
Избраниците на Вујадин Станојковиќ одиграа поквалитетен натпревар од Украинците, но сосема неправедно по неспортска ситуација им беше украдена победата.
Македонија најпрво поведе во 31. минута со прекрасниот гол на Димитар Митровски… Но, во вториот дел по една сосема неспортска ситуација во 69. минута во моменти кога ние имавме повреден играч пред голот, а главниот судија не ја прекина играта, Украина израмни со голот на капитенот Валери Бондар…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА