Брегалница води по половина час игра со 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Штипјани се многу подобар противник на теренот, доаѓајќи до предност со евро-голот по шут од 20 метри на Горан Силјановски во 25. минута.
Откако најпрво Брегалница не реализираше три одлични шанси, во 3. минута преку Ѓорѓиев, во 10. минута и Алтипармаковски не погоди, а во 17. минута Дарко Додев сам изби пред домашниот голман но лошо шутираше директно во голманот Давков од 100% шанса, на крај следеше голот на Силјановски во 25. минута за 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

