Македонскиот борец, Гого Славески, на фуриозен начин дојде и до седмата своја победа во БКФЦ (Бокс со голи раце), триумфирајќи на супер-настанот БКФЦ85 против Џа Фар Форт уште во првата рунда со технички нокаут.
Македонецот, кој е поранешен шампион во ова натпреварување, максимално агресивно стартуваше со борбата, напаѓаше отворено во неколку наврати пред судијата дефинитивно да го прекине мечот откако увиде дека Фар Форт не може да продолжи.
Брутална победа за Славески по само една минута и 34 секунди. Македонскиот борец сега има седум победи и еден пораз во БКФЦ.
GOGO SLAVESKI IS TOO GOOD!! 👏#BKFC85 | Live NOW on DAZN ▪️ pic.twitter.com/AzzpgcLm58
— DAZN (@DAZN_Sport) December 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

