Бугарската репрезентација го одработи официјалниот тренинг на „Хувефарма арената“ во Разград во очекување на утрешниот натпревар со Македонија, прв од новата сезона во Лигата на нации.
Селекторот Јасен Петров на своите фудбалери им сервираше и мигови малку за забава на тренингот, барем низ оние 15 медиумуски дозволени минути согласно правилата на ФИФА и УЕФА.
Па, Бугарите официјалниот тренинг го искористија и за мало „оро“ како начин за почетно загревање пред далеку посериозни дел од финалната подготовка за дуелот со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА