ВИДЕО: Бурен старт на дербито во Битола – Пелистер поведе, па домашните „збеснаа“ по пеналот за Вардар

Повеќе од бурен старт на дерби пресметката од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Пелистер и Вардар во Битола.

Во врнежливи услови за игра, но само максимална борбеност и возбудувања на двете страни, „пелистерци“ поведоа уште во 10. минута со голот на Вилдан Керим.

Сепак, „вардарци“ брзо дојдоа до можност за израмнување. Во 20. минута досуден пенал за црвено-црните. Домашните бурно реагираа на судиската одлука да биде досуден пенал, пред се и затоа што во акција пред прекршокот за пенал имаше сомнителна офсајд позиција на „вардарци“, но последна беше одлуката на делителот на правдата.

А, прецизен од белата точка, иако малку среќно успеа да постигне гол, беше Закариќ за 1-1.

Се вчитува...