Крајно тензичен натпревар одиграа Тетекс и Скопје во 14. коло од Втората лига – Запад на теренот на стадионот на ФК Речица во Тетово.
Во 60. минута дојде и до инцидент на теренот, кој за среќа брзо се смири, а поради приговор исклучување доби фудбалерот на гостите Арсим Љамалари…
Тензии имаше и во финишот на натпреварот меѓу Охрид и Велазерими, па по кошкањето меѓу фудбалерите на двата тима црвен картон доби домашниот фудбалер Александар Мартиноски во 87. минута. На крајот охриѓани триумфираа со голот на Александар Целески со голот во 56. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА