Видео: Час по кошарка од Јокиќ за Вембењама

Франција и Србија се среќаваат вечерва во пријателски меч што ќе им послужи на двајцата селектори како одлична подготовка за претстојните предизвици на Олимписките Игри во Париз.

По првото полувреме Србија како гостин има одлично водство од 32-45, а во главна улога се наоѓа Никола Јокиќ, кој веќе има 17 поени и 9 скокови зад своето име.

Јокиќ има жестоки дуели со Вембењама и Гобер во битката под кошевите, но тоа не му пречи на српскиот ас да ги покаже своите квалитети, па и да му одржи час по кошарка на младиот Вембењама, кој очигледно има уште да учи за да стане дел од самата кошаркарска елита…

 

 

Се вчитува...