ВИДЕО: Чурлинов продолжува да реди голови – И трет гол едноподруго за Јагелонија!

Јагелонија има предност од 0-2 на гостувањето против Краковија во полскиот шампионат, а еден од најзаслужните за водството е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој продолжува со извонредната гол-форма.

Откако погоди во претходното коло против Мотор Лублин, а беше стрелец и на дуелот со ТСЦ Бачка Топола во Конференциската лига на УЕФА, сега Чурлинов и трет едноподруго натпревар се запишува во листата на стрелците.

Македонскиот репрезентативец сега погоди во 35. минута, од непосредна близина убаво реагирајќи на одбиената топка од дирекот на противничкиот гол, за водство од 0-1 на Јагелонија во тие моменти.

Cracovia 0-1 Jagiellonia Białystok – Darko Čurlinov 24′ (Ekstraklasa)
byu/4gjdtokurwa insoccer

Ова е четврти гол сезонава за Чурлинов во најсилната полска лига, а има уште два погодоци и во Конференциската лига на УЕФА.

Се вчитува...