ВИДЕО: Чурлинов сам го победи Ерзурумспор – Два гола и асистенција!

Одлична партија за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Кочаелиспор во Купот на Турција.

Чурлинов сам го победи Ерзурумспор со два гола и асистенција во само 60 минути игра на натпреварот.

Македонскиот напаѓач најпрво погоди за 1-0 уште во 18.минута од средбата.

Потоа зголеми на 2-0 со убав гол во 45. минута.

А, во 53. минута одлично му асистираше на Нонге и за 3-0.

Откако се беше решено на дуелот Дарко Чурлинов беше заменет во 60.минута од средбата.

Се вчитува...