Возачот на Ферари, Себастијан Фетел излета од патеката во 52. круг од трката за ГН на Германија во Хокенхајм и пред домашната публика го загуби првото место во шампионатот.
Луис Хамилтон, пак профитираше благодарение на дождот и несигурноста на Германецот кој излета од патеката и се удри во заштитната ограда.
Хамилтон сега има 188 бода, Фетел е втор во генералниот пласман со 171 бод, а следи Кими Раиконен со 131 бод. Мерцедес е прв кај конструкторите со 310 бода пред Ферари со 302. Трет е Ред Бул со 211 бода, а потоа следат Рено, Форс Индија, Хас и Мекларен.
Следната трка се вози во Унгарија за пет дена, а Германецот мора брзо да се врати во ритам за да со следен кикс не си ја упропасти цела сезона.
Ферари, инаку, чека титула од 2007 година кога најбрз во Ф1 циркусот беше Кими Раиконен. Потоа следеше доминација на Рено и Мерцедес, чии возачи ги освојуваа сите титули од 2007 до сега.
Како изгледаше инцидентот на Себастијан Фетел може да погледнете на следното видео…
Utter heartbreak for Vettel at his home race ?#GermanGP ?? #F1 pic.twitter.com/bTEgcUKoT7
— Formula 1 (@F1) July 22, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА