Повеќе од несакана ситуација во Кавадарци на натпреварот меѓу Тиквеш и Брегалница во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Црвен картон во 75. минута заработи еден од најдобрите фудбалери на Брегалница и поранешен македонски репрезентативец Даниел Мојсов, кој потекнува токму од Кавадарци.
Мојсов заработи исклучување поради конфликт со навивач во неговото Кавадарци, провокатор кој со постојани навреди се служеше кон него но и кон неговото семејство на трибините, поради што емотивно не издржа дефанзивецот на Брегалница. „Пукна“ Мојсов, реагирајќи човечки, па на крај неизбежно поради конфликтот, согласно правилата доби црвен картон, иако Даниел на крај искрено отпоздрави кон целокупното Кавадарци на трибините, јасно истакнувајќи дека единствениот негов проблем е навивачот-провокатор на кого и дефинитивно не му е местото на едни спортски трибини… Жолт картон заработи и тренерот на Брегалница, Илчо Ѓорѓиоски кој влета на терен за да го смири Мојсов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА