Одличен дерби натпревар за крај на есенскиот дел од сезоната одиграа Вардар и Шкендија во 18. коло од ПМФЛ, на крај со поделба на бодовите (2-2).
Четири гола, убави акции, многу возбудувања и одличен амбиент сервиран од „Комитите“ на „Тодор Проески“ денеска. „Вардарци“ не успеаја со триумф да ја слават есенската титула, само поради Омар Имери кој на двапати израмнуваше за Шкендија по водството на домашните.
Вардар поведе со голот од пенал на Дарко Мицевски во 20. минута…
Но, во 34. минута израмни Имери со прекрасен гол…
Во второто полувреме, по одличен контранапад, Али Адем во 54. минута донесе водство за Вардар…
И, повторно Имери во 65. минута израмни за конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

