ВИДЕО: Џинот од Вардар го одбележа првиот ден на ЕП 2020 – „Бомба“ која не се брани!

Летонија сосема очекувано загуби убедливо од Шпанија со 22-33 во првиот свој натпревар од Групата Ц на Европското првенство 2020.

Но, ако е за утеха на Летонците, тоа е фактот дека го имаат потегот на денот на Европскиот шампионат. Џинот на Вардар, Даинис Криштопанс постигна навистина феноменален погодок кој го одбележа денот…

 

Криштопанс, и покрај поразот, на крајот беше избран за играч на натпреварот. Постигна седум гола од десет шут на дуелот против Шпанците.

Се вчитува...