Видео: Димитријевиќ го повреди коленото на Барса – Хувентуд

Дебито на Ненад Димитријевиќ во шпанскиот плејоф се претвори во вистински кошмар откако македонскиот плејмејкер заработи незгодна повреда по само неколку минути минати на теренот на натпреварот меѓу Барселона и Хувентуд.

Димитријевиќ влезе во игра во втората четвртина, имаше и една украдена топка, кога настрада при една акција на Барса. Македонецот се лизна со левата нога, па со цела тежина падна врз десната, по што остана да лежи на теренот жалејќи се на голема болка на десното колено. Тој по неколку минути беше изнесен надвор од теренот, со аплаузи поздравен од навивачите на Барселона. Откако му беше укажана лекарска помош во соблекувалната, Димитријевиќ се врати на клупата за резерви, но тешко е за верување дека ќе може повторно да се појави на теренот до крајот на овој натпревар.

Останува во следниот период да биде обелоденето колку е сериозна оваа повреда на младиот плејмејкер, кој требаше да се врати во националниот тим за главните квалификации за Евробаскет 2021.

Се вчитува...