Вардар имаше убава шанса да дојде до големи три бода на гостувањето против Гостивар во првиот пролетен натпревар во Првата македонска лига, но голот на Слишковиќ за домашните во 90. минута спречи триумф на составот на Горазд Михајлов.
Претходно, пак, Вардар имаше можност и да постигне и два погодоци на дуелот, но дирекот од голот на домашните не дозволи радост за „црвено-црните“.
Марјан Ристовски – Швајц во 70.минута имаше можност на најдобар можен начин со гол да дебитира на оофицијален натпревар за Вардар, но по неговиот обид со глава дирекот ги спаси гостиварци.
Ненад Мишковски, пак, во 85. минута беше стрелец на единствениот гол за „вардарци“ на дуелот во Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

