ВИДЕО: Додев како „брз воз“ – Силекс со водство на Чаир ги пречека новите газди на Шкупи

Силекс прв, на денешните натпревари во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига, доаѓа до предност.

Кратовци по само седум минути игра дојдоа до предност од 0-1 на гостувањето против Шкупи на Чаир, во мечот во кој првпат чаирскиот клуб е под „капата“ на новите турски сопственици, а навивачката група „Шверцери“ слави 35 години постоење.

Но, Додев во 7. минута како „брз воз“ минувајќи покрај домашната одбрана се погрижи негативно да ги пречека новите газди… Барем, до овој момент…

Се вчитува...