Лука Дончиќ од млади години стана кошаркарска суперѕвезда, но дефинитивно треба да научи да се контролира откако младиот Словенец на денешното шпанско евролигашко дерби меѓу Реал Мадрид и Валенсија го заработи своето прво исклучување во кариерата.
Тој најпрвин доби неспортска грешка откако при едно положување го удри со лакотот противничкиот кошаркар Плајс. Интересно, судиите најпрвин досудија лична грешка на Плајс, но по прегледувањето на снимката ја променија својата одлука. Дончиќ стана нервозен, па не го дочека ниту крајот на полувремето откако неколку минути подоцна тргна на положување, беше досудена лична грешка во напад, а по конфликтот со Вивеш тој доби техничка, воедно и исклучувачка грешка.
Младиот Словенец збесна, особено тешко му падна што втората техничка ја доби од својот сонародник Дамир Јавор, на пола пат до соблекувалните се врати на теренот, бурно протестираше, па се упати надвор.
Antideportiva a Luka Doncic tras este duro choque con Pleiss. #Eurofighters pic.twitter.com/nCjYbVRibt
— Basket en Movistar+ (@MovistarBasket) December 19, 2017
Luka Doncic was FURIOUS after the ejection.FURIOUS!pic.twitter.com/ws067uEcFi via @Jose_Ajero— Sportando (@Sportando) December 19, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА