Одличен меч одиграа Макаби Тел Авив и Реал Мадрид во 7. коло од Евролигата, во кој во повеќе од драматична завршница триумфираше израелскиот тим со 79-78.
„Кралевите“ имаа водство буквално во текот на целиот натпревар, со предност од девет поени (55-64) влегувајќи и во последниот период од играта.
Но, Макаби демонстрираше одлична игра во последната четвртина, за да Американецот Ли буквално во последната секунда погоди два поени и за победа од 79-78.
🚨😱 SABEN LEE OFFRE LA VICTOIRE AU MACCABI TEL-AVIV FACE AU REAL MADRID ! @MaccabiTLVBC x @EuroLeague #SKWEEKLive pic.twitter.com/q2SYBpJzWb
— SKWEEK (@skweektv) October 31, 2024
Олимпијакос со 95-74 ја победи убедливо Барселона, а Анадолу Ефес со 70-86 триумфираше на гостувањето против Алба Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА