Македонската кошаркарска репрезентација одигра драматична завршница со среќен крај во Приштина против селекцијата на Косово во првиот натпревар од втората квалификациска фаза за пласман на ЕП 2021.
Избраниците на Јорданчо Давитков сосема неочекувано се доведоа во ситуација буквално во последните секунди да ја бранат минималната победа, откако во самиот финиш прокоцкаа и предност од 8 разлика. На помалку од една минута до крајот, Македонија имаше предност од 65-73, но потоа дозволивме домашните да се доближат, па дури и на 20 секунди пред крајот да дојдат преку три слободни фрлања до можност за израмнување. Сепак, откако реализираа само две за 73-74, на седум секунди пред крајот мирната рака на Војдан Стојановски погоди две слободни фрлања за конечни 73-76…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА