Химки лесно можеше да се избори за мајсторска во четвртфиналната пресметка против ЦСКА во Евролигата, но очигледно и беше украдена победа поради грешка на записничката маса.
Во повеќе од драматичната завршница, ЦСКА Москва дојде до предност од 88-89 со поените на Хигинс на пет секунди пред крајот. Веднаш домашните тргнаа во напад и Џенкинс постигна поени за водство на Химки од 90-89…. Но, нападот беше запрен откако реагираше записничката маса, очигледно по грешка поради побарана замена од домашниот тренер, но за претходниот напад…, а не за оној последниот!
Како и да е, на крајот ЦСКА се радуваше на конечната победа и со 3-1 во серијата обезбеди пласман на Фајнлфор турнирот во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА