Новоформираната млада репрезентација на Македонија за фудбалери до 20 години убедливо триумфираше со 0-3 на првиот пријателски натпревар, на гостувањето против Лихтенштајн.
И сето тоа на крилјата на крилниот офанзивец на Вардар, 19-годишниот Димитар Данев кој беше убедливо најдобриот поединец во македонскиот состав постигнувајќи и два прекрасни погодоци.
Данев, е веќе стандарден репрезентативец и на селекцијата до 21 години, иако со само 19 години во моментов, отворено демонстрирајќи го сиот свој раскошен талент и на дуелот против Лихтенштајн.
Посебно впечатлив беше вториот гол на Данев за 0-3 на Македонија во 78. минута, со извонреден шут директно од слободен удар, мајсторски стрелајќи под гредата од голот на домаќините…
Претходно, пак, во 57. минута, по соло трк од повеќе од 50 метри, забележа уште еден прекрасен гол за водство и од 0-2.
Првиот гол на Македонија, беше дело на Величковски во 52. минута кој беспрекорно се снајде пред голот на Лихтенштајн за водство од 0-1 во тие моменти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

