Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години ремизираше (2-2) на денешниот пријателски натпревар со соодветната селекција на Полска на дуелот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија до ремито стигна благодарение на двата погодоци на 17-годишниот Агон Елези, фудбалерот на француски Каен, кој до март месец ќе игра за второлигашот Велазерими.
Елези најпрво погоди од белата точка во 34. минута…
А, потоа беше стрелец и на вториот гол за Македонија во 63. минута, повторно со удар од 11 метри…
Македонија на натпреварот настапи во следниот состав: Алчевски, Јанкулов, Митревски, Јонузи, Муарем, Елези, Даути, Воша, Максимов, Ибиши, Редев. Уште играа: Тошевски, Таири и Тодоровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА