ВИДЕО: Е, вакво театрално влегување на меч на Австралија опен немате видено!

Јапонската тенисерка Наоми Осака обезбеди место во второто коло на Австралија Опен, откако претходно приреди цел театар со необичен влез на теренот на Род Лејвер Арената.

Осака ја победи Антонија Ружиќ, највисокорангираната хрватска тенисерка, во три сета, по два и пол часа тенис, со резултат 6-3, 3-6, 6-4.

По натпреварот, место за самиот меч, повеќе се зборува за облеката во која Осака влезе на еден од легендарните стадиони во Мелбурн Парк. Влезе под превез, пречекана со аплауз.

Во второто коло, Осака ќе игра против романската тенисерка Сорана Кирстеа.

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ исто така се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на Австралија, откако ја победи Британката Кејти Батлер со 6-0, 7-5 во првото коло во Мелбурн.

Во второто коло, Бенчиќ ќе игра против Чехинката Никола Бартункова, која беше подобра од Дарија Касаткина од Австралија со 7-6 (9-7), 0-6, 6-3.

Се вчитува...