Пред точно десет години на денешен ден бевме сведоци на најбрзата трка на 100 метри во историјата на атлетиката, откако Усеин Болт ги урна сите бариери на СП во Берлин и постави нов светски рекорд. Тој својата омилена делница ја мина за време од 9,58 секунди, уривајќи го сопствениот светски рекорд од 9,69 поставен една година претходно во Пекинг.
Второто место на оваа трка му припадна на Тајсон Геј од САД, кој истрча извонредни 9,71 секунди, што сепак му беа недоволни за триумф над непобедливиот Болт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА