Легендарниот „Медисон Сквер Гарден“ синоќа ја виде една од најкомичните боксерски сцени досега во историјата. Мечот помеѓу Џарел Милер и Кингсли Ибех понуди вистински спектакл за кој се зборува, но пред се поради „Големото бебе“ – Милер, кој во еден момент остана без перика.
Откако Ибех го удри, периката на главата на Милер почна да лета, па тој се одлучи целосно да ја тргне и да ја фрли во публиката.
Милер ја доби борбата со поделена одлука. Сепак, ова е во втор план бидејќи коментарите за периката се брутални по социјалните мрежи…
„Тој дефинитивно победи за влакно….. Оваа снимка од неговата коса како лета ќе живее засекогаш… Замислете да изгубите од човек кој оќелавел среде борба…..Треба да го тужите фризерот“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
The moment Jarrell Miller had his hair punched off in the middle of his fight 🤯🤣
The Ring VI | Buy now at https://t.co/AxmwuHu4GB 🥊 pic.twitter.com/yTPqHVrVJg
— Ring Magazine (@ringmagazine) February 1, 2026
Милер објасни што се случило со неговата коса. Ја изгубил пред неколку дена.
„Бев кај мајка ми и користев малку шампон од масата. Повеќе беше избелувач некаков. Го повикав фризерот да направи нешто набрзина“, рече Милер.
Американскиот боксер ја постигна 27-та победа во кариерата, во која има два порази и едно реми.
Неговиот ривал Кингсли Ибех го претрпе третиот пораз. Сега има резултат од 16-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

