ВИДЕО: ЕХФ и Европа повторно воодушевени од мајсторијата на Лазаревски и против Германците

Македонската ракометна репрезентација доживеа втор убедлив пораз на ЕП 2024 овој пат и од домаќинот Германија со 25-34 во второто коло од групната фаза на шампионатот.

Имаше желба за борба кај избраниците на Лазаров и на вториот натпревар на собирот на најдобрите на Стариот континент, а ЕХФ и Европа и овој пат беа воодушевени од мајсторија на македонскиот пивот Милан Лазаревски која го одбележа натпреварот.

Лазаревски, кој имаше гол за Топ 5 во првото коло, сега повторно воодушеви откако доби асистенција од Јагуриновски, по што луцидно го измами голманот на Германците и ја затресе неговата мрежа.

ВИДЕОТО ОД ГОЛОТ НА ЛАЗАРЕВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Се вчитува...