Пелистер има предност од 2-0 против Вардар на полувремето во дербито на 14. коло од Втората македонска фудбалска лига кое се игра на стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола.
По мирен половина час игра без многу убавина во кое „вардарци“ имаа нешто поотворена офанзивна игра, сепак, Пелистер одигра одлични 15 минути во финишот на првиот дел, па дојде до предност со погодоците на „екс-вардарците“, Никола Наумоски и Борче Маневски.
Во одлична акција и две едноподруго одбрани на гостинскиот голман, Гачевски, во 30. минута младиот Никола Наумоски одлично се снајде за водство од 1-0.
А, во 42. минута по нафрлувањето од левата страна на Благоја Љамчевски, капитенот на домашните Борче Маневски со глава стрелаше за 2-0…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА