Шкупи експресно се врати од негативата против Скопје во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот кој се игра во Кичево, Шкупи за само три минути дојде до водство од 2-1 против Скопје, откако Настевски уште во 3. минута ги донесе гостите до предност од 0-1.
Во 19. минута евро-гол со шут од повеќе од 20 метри постигна Реналдо Цефас за 1-1…
А, веќе во 22. минута по корнерот на Алварез од десната страна, на вториот дирек Грузиецот Гаги Марбелашвили од едно метри погоди за 2-1…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА