Екстра-гол на Цветановски за молк на Чаир…

Вардар има предност по првите 15 минути од натпреварот на гостувањето против Шкупи во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Шкупи ја има иницијативата на стартот од мечот, но „вардарци“ до предност дојдоа благодарение на извонредниот погодок на Матеј Цветановски во 11. минута. Прекрасно шутираше од 12 метри, а топката од гредата заврши за гол линијата од голот на домашните…

Се вчитува...