Елиф Елмас беше трагичарот на Наполи во финишот од дуелот со Специјa, македонскиот репрезентативец во 89. минута шутираше над гредата, а потоа во судиското продолжение повторно се најде во одлична ситуација, но не се разбра најдобро со Фернандо Љоренте.
Шпанскиот ветеран прими една топка на седум-осум метри, свртен со грб од противничкиот гол, а Елмас беше на еден метар од него. Љоренте можеше од свртување да бие, Елмас чекаше кратко додавање, но Шпанецот наместо да ја турне топката до него реши да го гради просторот, па оваа шанса отиде во неповрат, а Наполи го загуби натпреварот.
La stagione del #Napoli è tutta qui…#NapoliSpezia pic.twitter.com/xThOYA3KYA
— Gianluca Abate (@Aba_Tweet) January 6, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

