ВИДЕО: Емотивен светски момент – Ѓоковиќ, Федерер и Мареј ненајавено го изненадија Надал на церемонијата во Париз

Тениските гиганти на 21. век, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Енди Мареј вчера ненајавено се појавија на церемонијата во Париз, во чест на 14-кратниот шампион на Ролан Гарос, Рафаел Надал.

Сето тоа како изненадување за Надал, кој емотивно се збогуваше со француската публика.

„Многу ми значеше секако да ги имам моите три најголеми ривали таму, на теренот со мене. Тоа е една одлична порака за светот дек најтешките ривалства можат да бидат добри колеги, да се почитуваат еден со друг. Не треба да го мразите противникот за да се обидете да го победите со сите сили. И тоа е пораката што ја испративме до новите генерации. Тоа треба да биде нашето наследство“ – рече Надал на прес-конференцијата по церемонијата.

А, за време на церемонијата најпрво беше пуштено видео со пораки од неговите најголеми ривали до Надал.

„Не можевме да дозволиме да заминеш без нас“ – рече Мареј во снимениот сегмент, а потоа заедно со Федерер и со Ѓоковиќ излегоа на терен на воодушевување на Надал и на целокупната публика.

Надал не знаеше со сигурност дека ќе бидат таму, иако, како што рече, се сомневаше дека ќе бидат таму, посебно ако се знае дека Ѓоковиќ и ќе игра на Отвореното првенство на Франција.

Во досегашната тениска историја Новак Ѓоковиќ има освоено најмногу грандслем титули – 24, понатаму следува Надал со 22 трофеи и Федерер со 22 грандслен титули. Мареј има три грандслем титули.

Се вчитува...