Езѓјан Алиоски имаше емотивно збогување од тимот на Ал-Ахли, а негов следен клуб ќе биде турски Фенербахче. Алиоски присуствуваше на последниот тренинг, каде што тренерот и неговите досегашни соиграчи се збогуваа со Македонецот, и му посакаа се најдобро во новиот клуб.
Алиоски една сезона беше дел од Ал Ахли, откако дојде во овој тим од англиски Лидс. Цело време беше побрзуван со трансфер во Италија, па потоа во Турција, во Трабзонспор, Бешикташ и Галатасарај, за на крај да заврши во Фенербахче.
Соработката ја потврди и турскиот тим, а веќе денеска Алиоски треба да му се приклучи на својот нов тим.
Ezgjan Alioski Al Ahli’ye veda etti 👀pic.twitter.com/RxA5tgHV8C
— NTV Spor (@ntvspor) August 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА