Младите репрезентативци на Македонија попладнево со чартер лет од Гдањск пристигнаа на скопскиот аеродром заокружувајќи ја својата тригодишна заедничка приказна со учеството на Европското првенство во Полска.
Веднаш по враќањето во Македонија, момчињата кои запишаа историја за македонскиот фудбал продолжуваат со своите клупски активности. Дури 16 од нив ја завршуваат својата одисеја во младата селекција, па токму затоа следеше и емотивното збогум со селекторот Благоја Милевски…, но само до следно видување…
„Не ми е секако сеедно, затоа што минав повеќе од три години заеднички собири со овие момчиња. Но, секако очекувам и натаму тие да не радуваат во сениорскиот фудбал, затоа што пред сите и цела Европа покажаа дека поседуваат квалитет“ – истакна селекторот Милевски.
„Вардарците“ Николов, Велковски, Муслиу, Демири и Петковски, пак, веднаш по слетувањето во Скопје со нов авион од 13 часот заминаа за Австрија каде се приклучуваат на подготовките на македонскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА