Македонскиот репрезентативец Ердон Даци продолжува со извонредната гол-форма.
Откако најпрво беше стрелец за Вестерло во белгискиот шампионат пред две кола, а потоа го постигна и својот деби гол во дресот на македонската репрезентација во победата од 3-1 против Ерменија, сега го „дрма“ и лидерот во Белгија, Ројал Унион во 12. коло од шампионатот.
Вестерло по половина час игра има предност од 1-0 против Ројал Унион благодарение само на погодокот на Даци во 11. минута кој мајсторски реагираше по брзиот контранапад на својот тим…
GoaL! | KVC Westerlo 1-0 Royale Union Saint-Gilloise | ⚽️ Erdon Daci pic.twitter.com/3uD8K0x2sG
— FootColic ⚽️ (@FootColic) October 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

