Вообичаено како и претходните денови пред официјалните натпревари на Европското првенство 2017 во Полска, организаторите за сите посетители во приморскиот град на Балтикот овозможуваа натпревари во фудбал на плажа на тимови кои се натпреваруваат под знамињата на селекциите кои играат во Гдиња.
Така беше и денеска во Гдиња… Два тима, под боите на Македонија и Португалија, си ги одмерија силите. А, момците и девојките кои играат во дресот на Македонија, и тоа како успешно ги претставуваа нашите бои. Во серијата погодоци, во еден момент преку супер-гол демонстрираа и како треба вечерва избраниците на Благоја Милевски да се однесуваат на теренот на „Миејски“… Со респект, но без преценување на противникот…
А, сето тоа наиде и на поддршка од македонски навивачи кои во моментов во Гдиња го очекуваат почетокот на официјалниот натпревар на Европското првенство меѓу Македонија Португалија од 20:45 часот.
[new_royalslider id=”699″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА