Фудбалерите на Воска Спорт одиграа без победник (2-2) со црногорскиот прволигаш Рудар Плевља на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Црна Гора.
Охриѓани први поведоа на натпреварот со евроголот директно од слободен удар на бразилското засилување Андре Менсалао.
Но, потоа Црногорците запишаа два гола за пресврт, за да конечните 2-2 ги постави Алекса Марушиќ уште пред крајот на првото полувреме.
Воска Спорт постигна уште два гола кои беа поништени поради офсајд-позиции, а и дирекот го спаси тимот на Рудар Плевља во второто полувреме од пораз.
Воска спорт на првиот свој пријателски натпревар на црногорско тло славеше против уште еден црногорски тим, Морнар до 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА